Техничари и асистенти за фармација
Како да станете техничари и асистенти за фармација
Образование
Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години. Средните училишта во Република Северна Македонија нудат програми за „фармацевтски техничар “ и „медицинско лабораториски санитарен техничар“.
- Општинско средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ – Битола
- Средно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“- Скопје
- Средно стручно општинско училиште „Димитрија Чуповски“ – Велес
- Средно општинско медицинско училиште „Гостивар “- Гостивар
- Средно општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“- Кавадарци
- Општинско средно училиште „Дрита“-Кичево
- Државно средно училиште-Регионален центар за стручно образование и обука „Киро Бурназ“-Куманово
- Средно општинско училиште „Ѓорче Петров “- Прилеп
- Средно медицинско училиште на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“-Скопје
- Средно училиште на град Скопје „Цветан Димов“- Скопје
- Средно општинско училиште со ученички дом „Димитар Влахов“-Струмица
- Средно општинско медицинско училиште „Никола Штејн“-Тетово
- Средно општинско училиште „Јане Сандански“- Штип
- Средно општинско училиште „Орде Чопела“- Прилеп
Во моментов не постојат верифицирани програми за техничарите и асистенти за фармација.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за техничарите и асистенти за фармација кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни: www.cov.gov.mk
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Важни квалитети
Вештини за услуги на клиентите. Фармацевтските техничари поминуваат голем дел од своето време во интеракција со клиентите, па затоа од фармацевтските техничари се бара да бидат пријателски расположени, љубезни, трпеливи и да им помагаат на клиентите.
Ориентираност кон деталите. Сериозни здравствени проблеми може да произлезат од грешки во пополнувањето на рецептите. Иако фармацевтот е одговорен за обезбедување на безбедноста на сите издадени лекови, фармацевтските техничари треба да обрнат внимание на деталите за да се избегнат компликации.
Вештини за слушање. Фармацевтските техничари мора јасно да комуницираат со фармацевтите и лекарите кога земаат нарачки на рецепт. Кога разговараат со клиентите, техничарите мора внимателно да слушаат за да ги разберат потребите на клиентите и да утврдат дали треба да разговараат со фармацевт.
Математички вештини. Фармацевтските техничари треба да имаат разбирање за математичките концепти што се користат во аптеките при броење на апчиња и мешање на лекови или при одредување на сооднос на компонентите при галенско производство на препарати.
Организациски вештини. Работата како фармацевтски техничар вклучува балансирање на различни одговорности. На фармацевтските техничари им требаат добри организациски вештини за да ја завршат работата што ја делегираат фармацевтите, а во исто време обезбедуваат услуги за клиентите или пациентите.