Техничари и асистенти за фармација
Изгледи за вработување
Според податоците на Анкетата за работна сила на Државниот завод за статистика 2017-2021 година бројот на вработени техничари и асистенти за фармација се движи околу 1770 лица.
Се очекува растот на повозрасната популација да доведе до поголема побарувачка за лекови на рецепт.Бидејќи почесто луѓето користат повеќе лекови на рецепт како што стареат. Потребата за фармацевтски техничари веројатно ќе расте во иднина со зголемувањето на бројот на повозрасното население. Зголемената стапка на хронични болести како што е дијабетесот, исто така, може да ја зголеми побарувачката за лекови на рецепт. Ќе бидат потребни фармацевтски техничари за да преземат поголема улога во работењето на фармацијата бидејќи фармацевтите сè повеќе вршат активности за грижа за пациентите.
Слични занимања (од ISCO-08)
- Оператори со медицинска опрема
- Техничари за медицина и патолошка лабораторија
- Техничари за медицинска и стоматолошка протетика и сродни занимања
Повеќе информации
За вработување: