Техничари и асистенти за фармација
Активности
Фармацевтските техничари учествуваат во работата на аналитичките лаборатории на аптеките и фармацевтските компании.
Задачите вклучуваат:
- изработка на магистрални препарати;
- учество во испитувањето на квалитетот на лековите;
- складирање на лекови и препарати, контролирање на рокот на траење;
- избор на амбалажа за препаратите кои се изработуваат во аптеката;
- водење на евиденција за работата на аналитичките лаборатории;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3213.01 Фармацевтски техничар
3213.02 Фармацевтско – козметички техничар
3213.03 Фармацевтски лаборант
(Извор: Национална класификација на занимања, ISCO -08,www.stat.gov.mk, )