ШАНКЕРИ

ШАНКЕРИ

Работна средина

Шанкерите работат во ресторани, барови, клубови, хотели и во други услужни дејности каде што се служи храна и пијалаци. Работата може да биде напорна и со брзо темпо. Во текот на периодите со многу работа, тие се под притисок да ги послужат гостите брзо и ефикасно, истовремено осигурувајќи се дека не точат алкохол на малолетни лица. Поголемиот дел од работното време шанкерите го минуваат на нозе, вршат повторливи задачи и креваат тешки кутии и гајби со пијалаци. Често работат до доцните вечерни часови, како и за време на викендите и празниците.

Шанкерите  обично работат во затворен простор, но некои работат и на отворено, на базени, во барови на плажа или на угостителски настани.

Изгледот може да биде важен, бидејќи шанкерите често комуницираат со клиентите во баровите и рестораните. Во отмени и реномирани ресторани се бара да носат и униформи, вклучувајќи вратоврска или престилки, кои вообичаено ги обезбедува работодавачот.

Според проценките од Анкетите на работна сила од 2017 – 2022 година, бројот на шанкери се движи од 1.400 до 1.800 вработени.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Шанкерите подготвуваат, мешаат и сервираат алкохолни пијалаци, коктели и миксови непосредно до потрошувачите на шанкови или посредно преку доставување на келнерите.

Потребно образование при вработување

Не е потребно формално образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

16.711 МКД

Слободни работни местa

602