Шанкери

Шанкери

Активности

Шанкерите подготвуваат, мешаат и сервираат алкохолни пијалаци, коктели и миксови непосредно до потрошувачите на шанкови или посредно преку доставување на келнерите.

Задачите вклучуваат:

  • примање нарачки за пијалаци директно од потрошувачите или, пак, од келнерите и водење сметковна евиденција за нив;
  • идентификација и проверка на возраста на потрошувачите пред да се послужи алкохолен пијалак;
  • користење специјална опрема за подготовка на пијалаците;
  • подготовка и послужување алкохолни, безалкохолни пијалаци и коктели во барот;
  • давање совети за ограничено и умерено консумирање на алкохолните пијалаци;
  • естетско подредување чаши и шишиња на полиците од барот;
  • послужување мини оброци и други прехранбени производи за посетителите на барот;
  • вршење наплата за дадените угостителски услуги;
  • вршење сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

5132.01  Шанкер

5132.02  Сервирка

5132.03  Шеф на ноќен бар

5132.04  Шеф на хотелска услуга

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO-08)

Задолженија на работното место

Шанкерите подготвуваат, мешаат и сервираат алкохолни пијалаци, коктели и миксови непосредно до потрошувачите на шанкови или посредно преку доставување на келнерите.

Потребно образование при вработување

Не е потребно формално образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

12 002 МКД

Слободни работни местa

705