ШАНКЕРИ
Активности
Шанкерите подготвуваат, мешаат и сервираат алкохолни пијалаци, коктели и миксови непосредно до потрошувачите на шанкови или посредно преку доставување на келнерите.
Задачите вклучуваат:
- примање нарачки за пијалаци директно од потрошувачите или, пак, од келнерите и водење сметковна евиденција за нив;
- идентификација и проверка на возраста на потрошувачите пред да се послужи алкохолен пијалак;
- користење специјална опрема за подготовка на пијалаците;
- подготовка и послужување алкохолни, безалкохолни пијалаци и коктели во барот;
- давање совети за ограничено и умерено консумирање на алкохолните пијалаци;
- естетско подредување чаши и шишиња на полиците од барот;
- послужување мини оброци и други прехранбени производи за посетителите на барот;
- вршење наплата за дадените угостителски услуги;
- вршење сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
5132.01 Шанкер
5132.02 Сервирка
5132.03 Шеф на ноќен бар
5132.04 Шеф на хотелска услуга
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO-08)