ШАНКЕРИ
Како да станете шанкер
Образование
Повеќето шанкери ги учат своите вештини преку обука на работното место или во текот на работното искуство. За ова занимање не се бара формално образование, некои ресторани, кафетерии и хотели може да побараат претходно работно искуство или обука. Некои хотели, ресторани и кафетерии нудат сопствени програми за обука, кои не се сертифицирани во Центарот за образование на возрасни. Во повеќе држави бараат шанкерите што служат алкохолни пијалаци да имаат најмалку 18 години.
Во 2018 година, Министерството за труд и социјална политика стандардизираше две занимања од оваа струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:
- Бармен
https://drive.google.com/file/d/ 1o7Va5eEKKeYgyF0AfaAsCAVP3LUI2AAS/view
- Помошник бариста
https://drive.google.com/file/d/ 13rN1OiZxacmFOBPWmoXAbAh8U-4Nci_r/view
Обука
Повеќето шанкери добиваат обука на работното место, обично трае неколку недели, под водство на искусен шанкер. Обуката се фокусира на рецепти за коктели, процедури за поставување шанкови и услуги на клиентите. Некои работодавци на новите шанкери им ги развиваат вештините за работа преку обезбедување програми за самостојно учење, мрежни програми, видеа и наставни брошури што ги објаснуваат услужните вештини.
Во моментов не постојат верификувани програми за шанкери во Центарот за образование на возрасни.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки кои може да се јават во иднина, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
