Возачи на автомобили,такси-возила и комбиња

Возачи на автомобили,такси-возила и комбиња

Како да станете возачи на автомобили,такси-возила и комбиња

Образование

Потребна е возачка дозвола Б категорија и лиценца[1] за автотакси превоз на патници кои ги издава градоначалникот на општината, односно за градот Скопје градоначалникот на градот Скопје.

Обука

Во моментов не постојат верифицирани програми за транспортни службеници во Центарот за образование на возрасните.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за транспортни службеници  кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

Важни квалитети 

Вештини за комуникација: Возачи на автомобили, такси-возила и комбиња редовно комуницираат со своите клиенти, тие треба да бидат комуникативни и љубезни за  позитивно да ја претстават својата компанија, и да обезбедат доверба и задоволство кај патниците од услугата.

Прецизност: Клиентите се временски се потпираат на возачите на автомобили, такси-возила и комбиња, за навремено да ги соберат и навремено и сигурно да ги транспортираат до нивната дестинација.

Способност за координација: Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња, мора да внимаваат на околината, да избегнуваат пречки на патот и други опасности додека ги извршуваат своите работни задачи.

Иницијативност: Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња, обично работат со делумен или без никаков надзор, затоа мора да се само-мотивираат и да преземат иницијатива да заработат за живот.

Трпеливост и издржливост: Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња мора да бидат мирни и сталожени кога возат на подолги релации, низ сообраќаен метеж или возат непримерни патници. Тие мора да останат будни, да ги следат условите на патот, да преземат мерки на претпазливост како би ја обезбедиле безбедноста на нивните патници, особено во сообраќаен метеж или лошото време.

Задолженија на работното место

Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња управуваат со автомобили, такси-возила, комбиња и мали камиони за превоз на стока и патници. Овие возила имаат најмногу до 3.500 к дозволена тежина и најмногу до 8 седишта за превоз на патници.

Потребно образование при вработување

Основно образование и лиценца

Просечна месечна нето заработувачка

18,024 МКД

Слободни работни местa

  • 593