Возачи на автомобили,такси-возила и комбиња

Возачи на автомобили,такси-возила и комбиња

Активности

Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња управуваат со автомобили, такси-возила, комбиња и мали камиони за превоз на стока и патници. Овие возила имаат најмногу до 3.500 кг. дозволена тежина и најмногу до 8 седишта за превоз на патници.

Задачите вклучуваат:

  • управување со автомобили, камионети и мали камиони за испорака на стока;
  • следење на сообраќајни правила и сигнали;
  • почитување на сообраќајната етика;
  • давање на помош на патниците во врска со нивниот багаж;
  • давање на помош при транспорт на патници со психофизички пречки;
  • вршење на наплата на билети за дадените услуги за превоз;
  • воспоставување на контакт со центарот за комуникација и следење на нивните упатства;
  • водење на евиденција за патувањата;
  • одржување на возилата, чистење и ситни поправки;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на другите вработени

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

8322.01  Возач на патнички автомобили

8322.02  Возач на брза помош

8322.03  Возач на такси

8322.04 Возач на лесни доставни возила

8322.05 Возач на комби

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Возачите на автомобили, такси-возила и комбиња управуваат со автомобили, такси-возила, комбиња и мали камиони за превоз на стока и патници. Овие возила имаат најмногу до 3.500 к дозволена тежина и најмногу до 8 седишта за превоз на патници.

Потребно образование при вработување

Основно образование и лиценца

Просечна месечна нето заработувачка

18,024 МКД

Слободни работни местa

422