Рудари и каменокршачи
Работна средина
Поголемиот дел од работата на рударите и каменокршачите се реализира на отворен простор или во јама. Останатиот дел од работите ги вршат во канцеларии, згради, складишта, работилници и сл. Нивното работното окружување е на отворениот простор кој е проследен со екстремно ниски или екстремно високи температури. Оние кои работат на отворен простор се изложени на сите климатски услови: ниски и високи температури, ветер, снег, влажност на воздухот и земјата кои влијаат на сигурноста и здравјето, додека во јамите просторот за работа е стеснат и не осветлен од природна светлина, воздухот е загушлив со поголема концентрација на влага или прашина.
Потребно е постојано придржување на основните правила и прописи при работа со експлозивни материјали, користење на заштитни средства, држење безбедно растојание, внимателност при работата и при пренесувањето на експлозив, и примена на сите правилници и нормативи за работа со експлозивни материјали.