Рудари и каменокршачи
Повреди и болести
Рударите и каменокршачите се соочуваат со повисоки стапки на повреди и болести од просекот. Работат надвор или во јама. Оние кои работат надвор се изложени на високи или ниски температури, додека тие што работат во јама просторот за работа им е тесен, неосветлен од природна светлина, воздухот е загушлив со поголема концентрација на влага или прашина. За да се минимизираат повредите на работното место носат соодветна опрема за безбедност и заштита при работа и ги почитуваат пропишаните правила и процедури.