Рудари и каменокршачи
Активности
Рударите и работниците во каменоломи ископуваат цврсти минерали од подземни или површински рудници или каменоломи.
Задачите вклучуваат:
- ракување со постројки и уреди за работа на површински копови или за правење дупки за поставување на експлозив во рудници или каменоломи;
- ракување и надгледување на постројки за континуирано ископување;
- поставување и работа со машини што копаат канали или дупчат на отворени копови на рудниците или каменоломите;
- сечење, вметнување и инсталирање дрвени или челични потпори, столбови, сводови за потпирање на ѕидовите и таваните во подземните копови;
- ископување јаглен, руди и други цврсти минерали од подземни или од површински рудници;
- собирање примероци на јаглен или руда за лабораториски анализи;
- ископување гранит, варовник, шкрилци, кремен или други видови карпи од каменоломи;
- ископување креда, глина, чакал или песок од отворени дупки (јами);
- одржување и поправка на алатите и машините за работа;
- вршење на сродни работи;
- надзор на другите работници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
8111.01 Дупчач на површински коп
8111.02 Ракувач со јамска товарачка механизација
8111.03 Помошен ракувач на рударски постројки
8111.04 Помошен ракувач со сечалка за камења
8111.05 Ракувач со сечалка за камења
8111.06 Ракувач со дијамантска пила
8111.07 Помошник рудар
8111.08 Рудар на површински коп
8111.09 Рудар на подземен коп
8111.10 Рударски дрводелец
8111.11 Подградител на окна
8111.12 Обработувач на камени блокови
8111.13 Рудар
8111.14 Клесар, мајстор
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)