Оператори со медицинска опрема
Распоред на работата
Операторите со медицинска опрема своите работни задачи ги исполнуваат во сменска работа во сите болници и дежурства. Обезбедуваат и пружаат здравствена дијагностика или лекување во денска и во ноќна смена и за време на викенд и празници. Во зависност од организацијата одредени служби во здравствените институции работат и на повик според потребите, остварувајќи дежурства на повик.
Најголем дел од операторите со медицинска опрема работат со полно работно време според податоци од Агенцијата за вработување во 2022 година. Прекувремената работа е вообичаена, тие работат и за време на викендите и за празници.
