Оператори со медицинска опрема

Оператори со медицинска опрема

Како да станете оператори со медицинска опрема

Со звањето „Оператори со медицинска опрема„ се стекнуваат лицата кои се стекнале со 4 годишно средно стручно образование од здравствената струка.

Неколку медицински училишта во Република Северна Македонија нудат програми за средно образование со кои се стекнува диплома од здравствена струка.

Училишта за стручно образование и обука кои нудат програми за да станете оператори со медицинска опрема:

  1. СОУ „Богданци“ – Богданци,
  2. ССОУ „Димитрија Чуповски“ -Велес
  3. СОМУ „Гостивар“ – Гостивар;
  4. СОЗШУ „Ѓорче Петров“ –Кавадарци
  5. СОУ „Мирко Милески“ Кичево
  6. СОУ „Дрита“ –Кичево
  7. ССТУ „Наце Буѓони“  -Куманово
  8. СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ –Охрид
  9. СОУ „Ѓорче Петров“ –Прилеп
  10. СУГС “Цветан Димов“ –Скопје
  11. СУГС „Шаип Јусуф“ –Скопје
  12. ДУРДМОВ „Димитар влахов“ Скопје
  13. СОУ „Нико Нестор“ – Струга
  14. СОУ „Димитар Влахов“ -Струмица
  15. СОУ „Јане Сандански“ –Штип и
  16. Приватно средно училиште „Св.Лука“ Скопје
  17. ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” – Битола
  18. СМУ на град Скопје „Д-р Панче Караѓозов”-Скопје
  19. СУ на град Скопје „Марија Кири Склодовска”-Скопје
  20. СОМУ „Никола Штејн”- Тетово

Обука и сертификати

Оператори со медицинска опрема, имаат потреба од континуирана надградба на знаењата, способностите и вештините, преку обуки и други облици на стручно усовршување кои се однесуваат на тековните достигнувања во медицината, техниката, научните истражувања, медицинската технологија, унапредувањето на комуникациските и социјалните вештини, системите за обезбедување на квалитет и стандардите на здравствената нега кои се однесуваат на дејноста што ја вршат.

Обуките и стручното усовршување, се стекнуваат преку учество на стручни семинари, конгреси и други стручни собири.

Напредување

Оператори со медицинска опрема со општ профил е здравствен работник кој ракува со техничка опрема што се употребува за поставување дијагнози или за лекување болести и здравствени нарушувања.  Тие понатаму можат да се усовршуваат на универзитетите за потесни специјалности за ракување со техниката и опрамата со која работат.

За ова занимање постојат восоко образовни институции на кои може да се студира за потесна специјализација  на некој од универзитетите во Република Северна Македонија или странство.

Листа на државни и приватни универзитети кои имаат акредитирани студиски програми во областа, може да се најдат тука:

http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii

Важни квалитети

Комуникациски вештини. Операторите со медицинска опрема постојано комуницираат со пациентите и со членовите на семејство.

Сочувство. Операторите со медицинска опрема треба да се грижат и да се сочувствуваат со пациентите.                                   .
Одговорност. Одговорност преку која треба на пациентите да им овозможат правилни третмани и во вистинско време со што развиваат голема доверба и сигурност на пациентите.

Емоционална стабилност. Треба да имаат способност за управување со своите емоции (синдром на согорување) или т.н. емпатичност и да се справат со човечките страдања во вонредни состојби и други стресови.
Организациски вештини. Операторите со медицинска опрема често работат со повеќе пациенти со различни здравствени потреби. Организациските вештини треба да бидат од суштинско значење за правилен распоред на интервенциите со цел секој пациент да добие соодветна грижа.

Физичка кондиција. Операторите со медицинска опрема треба да бидат физички спремни за да ги извршуваат физичките задачи, како што се подигнување и преместување на пациентите за кои имаат и помош од помошниот персонал (болничари).

Задолженија на работното место

Операторите со медицинска опрема ракуваат со техничка опрема што се употребува за поставување дијагнози или за лекување болести и здравствени нарушувања.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

23.670 МКД

Слободни работни местa

13