Оператори со медицинска опрема

Оператори со медицинска опрема

Активности

Операторите со медицинска опрема ракуваат со техничка опрема што се употребува за поставување дијагнози или за лекување болести и здравствени нарушувања.

Задачите вклучуваат:

  • ракување со техничка опрема што се употребува за поставување дијагнози на болести и нарушувања на нервниот систем и органите или во радиографијата или анестезијата;
  • примена на знаења за техничката опрема и некои принципи и пракси во медицината за да се најдат и решат проблемите кои произлегуваат во текот на работата;
  • водење работни дневници;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

3211.01 Оператор на аудиометриска опрема

3211.02 Оператор на ЕКГ опрема

3211.03 Оператор на ЕЕГ опрема

3211.04 Оператор на опрема за медицинска радиологија

3211.05 Оператор на опрема за медицинска радиографија

3211.06 Оператор на медицинско-скенерска опрема

3211.07 Оператор на опрема за ултразвук

3211.08 Оператор на опрема за дијализа

3211.09 Оператор на опрема во очна дијагностика

3211.10 Оператор на медицинска опрема

3211.11 Рендген техничар

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Операторите со медицинска опрема ракуваат со техничка опрема што се употребува за поставување дијагнози или за лекување болести и здравствени нарушувања.

Потребно образование при вработување

Средно образование

Просечна месечна нето заработувачка

23.670 МКД

Слободни работни местa

7