МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Работна средина

Механичарите и монтерите на моторни возила  работат во сервиси за автомобили, гаражи, претпријатија кои располагаат со голем возен парк, за одржување на истите. Тие  водат евиденција за возилата, дијагностика,  тестови и поправки на моторните возила. Механичарите и монтерите на моторни возила поголем дел од денот стојат и тие обично работат во добро проветрени и добро осветлени простории за поправка на возилата. За возилата од последните две децении  често ги идентификуваат и решаваат проблемите  со компјутерски програми за дијагностика. Најчесто работат со мрсни делови и алати, понекогаш и во непријатни позиции за тешко достапни  делови на возилата.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Механичарите и монтерите на моторни возила подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема, патнички автомобили, камиони и други моторни возила.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за автомеханичар

Основно образование и сертификат

Просечна месечна нето заработувачка

25.382 МКД

Слободни работни местa

102