МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Активности

Механичарите и монтерите на моторни возила подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема, патнички автомобили, камиони и други моторни возила.

Задачите вклучуваат:

  • испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на мотори и моторни возила;
  • ремонтирање или заменување на старите мотори со нови;
  • испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системот за кочење на моторни возила;
  • испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системот за управување на моторни возила;
  • испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системи за ладење на моторни возила;
  • испитување, подесување, сервисирање, тестирање и поправка на системи за довод на горива на моторни возила;
  • замена на дотраени делови со нови резервни делови;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

7231.01 Работоводител на механичари и монтери на моторни возила

7231.02 Механичар за мотори

7231.03 Механичар за мотори, мајстор

7231.04 Автомеханичар

7231.05 Автомеханичар, мајстор

7231.06 Механичар за возила за внатрешен транспорт

7231.07 Механичар за пружни возила за внатрешен транспорт

7231.08 Механичар за пружни возила, специјализиран

7231.09 Дијагностичар на дефекти на возила

7231.10 Подмачкувач на возила

7231.11 Монтер на моторни возила

7231.12 Технички контролор на возила

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Механичарите и монтерите на моторни возила подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема, патнички автомобили, камиони и други моторни возила.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за автомеханичар

Основно образование и сертификат

Просечна месечна нето заработувачка

17.569 МКД

Слободни работни местa

  • 122  АВРМ