МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Повреди и болести
Механичарите и монтерите на моторни возила имаат занимање кое е едно од најподложните на повреди и болести од сите занимања. Тие често мора да работат со големи машини, тешки делови и алати. Како резултат на тоа, чести се повредите на работното место, како што се посекотини од остри алатки, повреди при удари со алат, изгореници од жешки делови на возилата, како и повреди при пад од лизгав под и пад од висина.