МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Како да станете механичар/ка и монтер/ка на моторни возила

Образование

Потребно е завршено средно образование од 3 степен или соодветна обука со сертификат. Формалното образование преку техничките училишта во Република Северна Македонија нудат програми за „автомеханичар” со трет степен.

Стручните училишта нудат 3-годишни програми за автомеханичар :

  1. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  2. Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  3. Средно општиско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  4. Средно општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци
  5. Општинско средно училиште Мирко Милевски– Кичево
  6. Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
  7. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  8. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  9. Средно стручно општинско училиште „Киро Бурназ“ – Куманово
  10. Средно општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ – Прилеп
  11. Автосообраќаен училишен центар „Боро Петрушевски“ на Град Скопје
  12. Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
  13. Средно општинско стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово
  14. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Државното средно училиште за рехабилитација и образование “ Св. Наум Охридски” – Скопје. Во прва година во двегодишното стручно образование со времетраење од три години според адаптирани наставни планови и програми можат да се запишат ученици со посебни образовни потреби (интелектуална попреченост во психофизичкиот развиток), во машинска струка и помишник автомеханичар како образовен профил.

 Обука

            Во неформалното образование за  стекнување со квалификацијата Механичари и монтери на моторни возила постојат стандардизирани обуки во времетраење од 3 месеци. Министерството за труд и социјална политика го стандардизираше занимањето Автомеханичар во 2018 година.

Потребните вештини и познавања може да се најдат на следниов линк:

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/mashinska_avtomehanicar.pdf

Центарот за образование на возрасни има верификувано посебни програми за образование на возрасни за обука на механичари и монтери на моторни возила со времетраење од 3 месеци со задолжително завршено основно образование.

За повеќе информации за верификуваните посебни програми за образование на возрасни и даватели на обуки за алатничарите и сродните занимања (бравари), посетете ја страницата:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

Агенцијата за вработување, врз основа на Годишни Оперативни планови за активни мерки и услуги на пазарот на трудот, ја спроведува и мерката Обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот а занимањата се утврдуваат согласно претходно направени анализи од повеќе извори. Обуките се спроведуваат за невработени лица кои се на евиденција на АВРСМ.

Повеќе информации може да најдете на web страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија или на следниот линк:

http://www.avrm.gov.mk/oglasi-za-aktivni-merki.nspx

Приватните претпријатија може да отворат провајдер за обука (обучен центар) и во комерцијална употреба да вршат обуки за занимањето за невработени лица, вработени лица за прекалификација или доквалификација или  обуки на своите вработени лица.

Важни квалитети

  • Kомуникација на мајчин јазик – комуницира ефективно, води точна евиденција на повратните информации на клиентите/добавувачите/колегите, одразува компетентна и професионална слика пред колегите, добавувачите и клиентите.
  • Mатематички компетенции и основни компетенции во областа на науката и технологијата  –  прецизно мери, ракува со техничка опрема, има познавања за составот на материјалите.
  • Дигитални компетенции – во тек е со глобалните трендови, остварува брза и економична комуникација со колегите, управува со компјутерски машини.
  • Чувство за иницијатива – ефективно нуди креативни решенија за проблемите.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Механичарите и монтерите на моторни возила подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема, патнички автомобили, камиони и други моторни возила.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за автомеханичар

Основно образование и сертификат

Просечна месечна нето заработувачка

25.382 МКД

Слободни работни местa

102