МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

МЕХАНИЧАРИ И МОНТЕРИ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА

Изгледи за вработување

Механичари и монтери на моторни возила според податоците на Агенцијата за вработување се меѓу најпобаруваните занимања. Во просек, на месечно ниво за период јануари – декември 2022 година, се бараат по 102 механичари и монтери на машини. Според процените на Анкетата за работна сила на  Државниот завод за статистика од 2017-2022 година,  бројот на вработени Механичари и монтери на моторни возила се движи околу 7300 лица.

Можностите за вработување се очекува да бидат добри и во иднина, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање искусни и квалификувани работници.

Слични занимања (од ISCO-08)

7232  Механичари и монтери на воздухопловни мотори

7233  Механичари и монтери на земјоделски и индустриски машини

7234  Механичари и монтери на велосипеди и слично

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Механичарите и монтерите на моторни возила подесуваат, монтираат, сервисираат и поправаат мотори и друга механичка опрема, патнички автомобили, камиони и други моторни возила.

Потребно образование при вработување

Тригодишно стручно образование за автомеханичар

Основно образование и сертификат

Просечна месечна нето заработувачка

25.382 МКД

Слободни работни местa

102