МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
Задолженија на работно место
Медицинските сестри даваат болничка нега на болни, повредени и други на кои им е потребна таква грижа. Работата ја вршат самостојно и како членови на болничкиот тим. Подготвуваат и спроведуваат медицинско – технички работи од специјалноста на која работат, учествуваат во подготовката и спроведувањето на дијагностички и терапевтски постапки. Водат евиденција за работата и вршат други административни задачи. Спроведуваат и здравствено воспитување на населението.