МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
Работна средина
Медицинските сестри се важен член на медицинскиот тим кој е задолжен за здравјето и безбедноста на пациентите. Професионалната грижа и нега за пациентите се нивно секојдневие. Медицинските сестри работат во болници (државни или приватни), здравствени домови, детски градинки, установи за лица со посебни потреби, институциите за ментално здравје, сместувачки капацитети за постари лица, терапевтски центри или пак ги посетуваат пациентите во домашни услови. Работното време го поминуваат во добро осветлени простории, болнички соби, канцеларии на сестри или доктори, каде извршуваат административни работи и обврски поврзани со здравјето, грижата и негата на пациентите во болничките соби. Медицинските сестри кои работат во итната медицинска помош – ургентните медицински центри, голем дел од времето го поминуваат и во соодветни амбулантни возила, за укажување на прва помош на самите критични места и пренос на пациентите до соодветната здравствена установа.