МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
Повреди и болести
Работата на медицинските сестри е стресна и подлежи на синдром на согорување. Тоа е како производ на работата ноќе, континуирана сменска работа, каде голем дел од времето го минува во одење и стоење и често подигање и пренесување на пациентите, предизвикува замор и болки во грбот и нозете.
Медицинските сестри се во секојдневен контактот со пациенти кои имаат непознати заразни болести или пак се потенцијални носители на истите и оттука е големата изложеност на инфективен контакт на персоналот.
Затоа медицинските сестри мора да ги следат строгите стандардизирани упатства за заштита при работа од болести и други опасности, најповеќе од зрачење, убоди од нестерилни игли, убоди со остри предмети и контакт со хемикалии кои што се користат.