МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Медицински сестри и акушери каде спаѓаат и медицинските сестри, изнесувала 30.265 денари во октомври 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2022 година, околу 98 проценти од огласите за Медицински сестри се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Медицинските сестри даваат болничка нега на болни, повредени и други на кои им е потребна таква грижа. Работата ја вршат самостојно и како членови на болничкиот тим. Подготвуваат и спроведуваат медицинско – технички работи од специјалноста на која работат, учествуваат во подготовката и спроведувањето на дијагностички и терапевтски постапки. Водат евиденција за работата и вршат други административни задачи. Спроведуваат и здравствено воспитување на населението.

Потребно образование при вработување

Средно 4 годишно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД

Слободни работни местa

1