Медицински сестри
Распоред на работата
Медицинските сестри своите интервенции и работни задачи ги исполнуваат пред се во 24 часовни дежурства и сменска работа во сите болници, на сите нивоа. Значи обезбедуваат и пружаат здравствена нега 24 часа и во денска и во ноќна смена и за време на викенд и празници. Во зависност од организацијата одредени служби во здравствените институции работат и на повик според потртебите, остварувајќи дежурства на повик.
Повеќето медицински сестри работат со полно работно време. Во 2019 година според податоците од АВРСМ 98 % од регистрираните вработени медицински сестри биле вработени на полно работно време.