МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
Активности
Медицинските сестри даваат болничка нега на болни, повредени и други на кои им е потребна таква грижа. Работата ја вршат самостојно и како членови на болничкиот тим. Подготвуваат и спроведуваат медицинско – технички работи од специјалноста на која работат, учествуваат во подготовката и спроведувањето на дијагностички и терапевтски постапки. Водат евиденција за работата и вршат други административни задачи. Спроведуваат и здравствено воспитување на населението.
Задачите вклучуваат:
• давање на болничка нега на болниот;
• следење на терапевтски и дијагностички постапки;
• следење на состојбата на болниот, контрола и евиденција на виталните функции, состојбата на свеста, подвижноста и општата состојба;
• помош во исхраната на болниот и грижа за општата хигиена на болниот и неговата околина;
• подготовка на инструменти и прибор за операциски потфати;
• подготовка на инструменти и прибор за стерилизација;
• подготовка на болниот за анестезија;
• дневна евиденција и други административно – финансиски работи;
• евиденција за трошоците за лекови, вакцини и друг материјал, како и грижа за нивната залиха;
• планирање, организирање и надгледување на спроведувањето на болничка нега;
• здравствено воспитување на болните и нивните семејства, како и на здравите лица;
• вршење на сродни задачи;
• надзор на други соработници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
2221.01 Дипломирана медицинска сестра
2221.02 Медицинска сестра – специјалист
80
2221.03 Медицинска сестра – анестезиолог
2221.04 Медицинска сестра за интензивна нега
2221.05 Медицинска сестра за патронажна нега
2221.06 Медицинска сестра за офталмолошка нега
2221.07 Медицинска сестра за психијатриска нега
2221.08 Главна медицинска сестра
2221.09 Одделенска медицинска сестра
2221.10 Отсечна медицинска сестра
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)