МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Изгледи за вработување

Побарувачката за медицински сестри е поврзана со зголемувањето на бројот на приватни болници или даватели за здравствени услуги во последните години. Очекувањата се дека побарувачката за занимања во делот на здравствената дејност ќе се зголемат во текот на наредните години како резултат на се поголемиот интерест за инвестиции во здравствени установи и болници.
Членувањето во професионални здруженија исто така може да помогне во изнаогање на контакти и можност за вработување.

Слични занимања класифицирани на друго место:

• Медицински сестри – 3221
• Акушери – 2222
• Медицински сестри – акушери – 3222
• Стоматолошки асистенти и терапевти – 3251

Повеќе информации

За вработување:
https://e-rabota.avrm.gov.mk

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
www.avrm.gov.mk

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Медицинските сестри даваат болничка нега на болни, повредени и други на кои им е потребна таква грижа. Работата ја вршат самостојно и како членови на болничкиот тим. Подготвуваат и спроведуваат медицинско – технички работи од специјалноста на која работат, учествуваат во подготовката и спроведувањето на дијагностички и терапевтски постапки. Водат евиденција за работата и вршат други административни задачи. Спроведуваат и здравствено воспитување на населението.

Потребно образование при вработување

Средно 4 годишно стручно образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.265 МКД

Слободни работни местa

1