ФРИЗЕРИ
Работна средина
Фризерите и берберите најчесто работат во фризерски салони, болници ,хотели, ресорти и други угостителски објекти, резиденции, во старски домови или во домашни услови со стари лица. Фризерите раководат фризерски салони и вршат контрола на фризерските третмани, работна документација, материјали и апарати за работа. Фризерите и берберите работат во пријатна околина во добро осветлени простории. Физичката издржливост е важна, бидејќи тие се на нозе поголемиот дел од работното време.