ФРИЗЕРИ
Како да станете фризер/ка
Образование
Училишта за стручно образование и обука кои нудат програми за фризери:
Јавни средни училишта кои нудат 3-годишни програми за фризери:
- Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
- Средно општинско училиште „Мирко Милески“ –Кичево
- Средно општинско училиште „Наум Наумовски Борче“ Пробиштип
- Средно општинско техничко училиште „Киро Бурназ“ – Куманово
- Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Прилеп
- Средно училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ – Скопје
- Средно училиште на Град Скопје „Шаип Јусуф“ – Скопје
Обука
Повеќето фризери ги учат своите вештини преку обука на работно место или во текот на работното искуство. Некои фризери посетуваат курсеви за фризери, додека други посетуваат посебни програми за образование на возрасни кои траат од 3-6 месеци со минимум основно/средно образование и минимум 15 години.
Од 2014 година, Министерството за труд и социјална политика го стандардираше занимањето фризер. Потребните вештини и знаења за занимањето може да се најдат тука:
http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/uslugi-frizer.pdf
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за фризери, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
Фризерите може да ги стекнат вештините преку обука на работното место или практиканство. Секоја година, Агенцијата за вработување нуди различни субвенционирани програми за обука и практиканство.
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Потребни вештини
Креативност: Фризерите треба да ги следат најновите трендови на фризури за да бидат подготвени да одговорат на барањата на своите клиенти.
Комуникациски вештини: Фризерите треба да бидат пријатни, пријателски расположени. Тие треба да бидат и добри слушатели, внимателно да сватат што сака клиентот, за да се осигураат дека клиентот е задоволен од резултатот.
Физичка издржливост: Физичката издржливост е потребна бидејки најголем дел од работните задачи на фризерите е преку стоење на нозе.
Уредност: Фризерите треба да негуваат уреден личен изглед. Треба да одржуваат чист и дезинфициран работен простор, работни површини, фризерски прибор , апарати и фризерски препарати. Оваа вештина е потребна за зачувување на здравјето и безбедноста на нивните клиенти и за оставање добар впечаток и удобност се со поголема веројатност клиентите да се вратат повторно.
Вештини за управување со времето: Фризерите треба ефикасно да управуваат со своето работно време кога ги закажуваат термините за фризерските услуги.