ДИЗАЈНЕРИ НА ПРОИЗВОДИ И ОБЛЕКА

ДИЗАЈНЕРИ НА ПРОИЗВОДИ И ОБЛЕКА

Работна средина

Работната средина на дизајнерите на производи и облека може да се подели во неколку категории:

Дизајнерите за текстил и облека креираат дизајни за машка, женска и детска облека. Тие исто така може да креираат дизајн решенија за спортска облека, трикотажа, невестинска облека итн..

Дизајнерите за обувки и кожна галантерија креираат дизајни од разни стилови на обувки и кожна галантерија. Со достапноста на нови синтетички материјали, дизајнерите за обувки креираат нови дизајни кои комбинираат удобност, цврстина и одредена намена (на пример обувки за: тенис, атлетика, планина).

Дизајнерите за накит дизајнираат и произведуваат разни предмети како на пример брошеви, прстени, ѓердани, обетки, белегзии и други украси. Тие може да користат разни видови материјали од скапоцени метали и камења до школки и мониста.

Дизајнерите за мебел може да се специјализираат во дизајн за кујнски мебел, мебел за во бањи, канцелариски мебел итн.  Потребно е дизајнерите за мебел да имаат многу добро познавање на карактеристиките на разни домашни уреди, како и функциите на електричните и водоводните инсталации.

Индустриските дизајнери развиваат концепти за производи како на пример автомобили, уреди во домаќинството или пак детски играчки. Тие комбинираат уметнички вештини, бизнис знаења и инженерски вештини. Индустриските дизајнери ја земаат во предвид функционалноста на производите, естетиката, трошоците за производство и корисноста од производот кога развиваат нов концепт.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Дизајнерите на производи и облека применуваат уметнички техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на производи и облека за сериско производство.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

19