ДИЗАЈНЕРИ НА ПРОИЗВОДИ И ОБЛЕКА
Како да станете дизајнер на производи и облека
Како да станете дизајнер на производи и облека
Образование
Во најголем дел, дизајнерите имаат универзитетско образование во областа каде работат. На пример, за да се вработите како дизајнер за текстил и облека, работодавачите ценат високо образовна диплома од областа на моден дизајн, дизајн и инженеринг на облека и слични наставни програми. Наставните програми во овие области им нудат на студентите познавање на текстилните суровини и материјали, користат програми за компјутерски-потпомогнат дизајн. Овие програми исто така нудат обуки во реализирање на модни ревии и презентација на креации.
За многу уметници и дизајнери, развивањето на портфолио (колекција од дизајнерски идеи кои го претставуваат дизајнерскиот стил и вештини) е многу важна активност бидејќи врз основа на овие портфолија работодавачите одлучуваат дали да соработуваат со некој дизајнер.
Во Македонија постојат повеќе акредитирани високообразовни установи кои нудат студиски програми во областа на дизајн на текстил и облека, индустриски дизајн, архитект дизајнер, дизајнер на мебел.
Целосната листа на акредитирани студиски програми во Македонија може да се најде на официјалната страна на министерството за образование и наука:
http://www.mon.gov.mk/index.php/dokumenti/akreditacii
Напредување
Искусните дизајнери во големите компании може да напредуваат до главен дизајнер или да вршат надзор на работењето на останатите дизајнери. Некои дизајнери се определуваат за кариери во образовниот сектор. Некои искусни дизајнери отвораат сопствени компании или студија за дизајн.
Обука
Дизајнерите на производи и облека стекнуваат првично искуство преку практиканство или работа како помошник дизајнер. Практикантското искуство им овозможува да се стекнат со искуство во процесот на дизајнирање, да го доизградат знаењето во областа и да го сфатат пристапот на работење во дејноста.
Важни квалитети
Талент за уметност. Дизајнерите прават скица од првичните идеи, што подоцна е потребно за изработка на прототип. Тие мора да бидат во можност да ги изразат своите идеи за дизајн преку цртежи.
Комуникациски вештини. Дизајнерите често работат во тимови во текот на дизајнирање на нови производи, оттука, мора да имаат ефективна комуникација со останатите членови од тимот. На пример, понекогаш е потребно да дадат инструкции на шивачите околу изработката на облеката.
Компјутерски вештини. Дизајнерите мора да се способни да користат програми за компјутерски-потпомогнат дизајн и да имаат познавање од програми за компјутерска графика.
Креативност. Дизајнерите работат со разни материјали, форми и бои. Нивните идеи мора да бидат единствени, функционални и стилски.
Вештини за донесување на одлуки. Бидејќи работат во тимови, дизајнерите се постојано изложени на многу идеи. Тие мора да се способни да одлучат кои идеи да ги вметнат во сопствените дизајни.
Забележување на детали. Дизајнерите мора да имаат „остро око“ и да забележуваат дури и мали разлики во бои и други детали кои влијаат врз успешноста на дизајнот.