ДИЗАЈНЕРИ НА ПРОИЗВОДИ И ОБЛЕКА

ДИЗАЈНЕРИ НА ПРОИЗВОДИ И ОБЛЕКА

Активности

Активности

Дизајнерите на производи и облека применуваат уметнички техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на производи и облека за сериско производство.

 

Задачите вклучуваат:

  • дизајнирање и формулирање на индустриски и комерцијални производи за широка потрошувачка, вклучувајќи и нови видови и стилови и прибор и стремеж да се доведат во хармонија естетските, техничките, функционалните и еколошките барања на клиентите;
  • креирање на внатрешни декоративни шеми и планирање на мебел за станови, јавни згради, бродови и за други места;
  • подготвување на скици, дијаграми, илустрации и планови за дизајнираните модели;
  • избор, специфицирање и препорачување на материјали за производство;
  • дизајнирање на реквизити на актери и бојадисување на сценски кулиси;
  • подготвување и пуштање во употреба на прототипи и мостри;
  • подготовка на документација за проектите кои се изработуваат;
  • вршење надзор на подготовката на моделите во производствениот процес;
  • аранжирање на излози и изложбени простории;
  • вршење на сродни работи;
  • надзор на останатите соработници.

Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:

2163.01 Дизајнер

2163.02 Дизајнер на мебел

2163.03 Индустриски дизајнер

2163.04 Дизајнер за текстил и облека

2163.05 Дизајнер за кожа

2163.06 Дизајнер за обувки и кожна галантерија

2163.07 Дизајнер за накит

2163.08 Архитект – дизајнер

2163.09 Инженер по архитектура и дизајн – модул Дизајн и технологии на мебел и ентериер

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Дизајнерите на производи и облека применуваат уметнички техники во дизајнирањето, декорирањето, специфицирањето и рекламирањето на производи и облека за сериско производство.

Потребно образование при вработување

Високо образование

Просечна месечна нето заработувачка

30.842 МКД

Слободни работни местa

19