Возачи на автомобили,такси-возила и комбиња
Работна средина
Работата на возачите на автомобили, такси-возила и комбиња во најголем дел од времето се одвива во возилата или во диспечерската служба. Нивната работа бара постојано внимание, претежно е во седечка положба, па затоа движењата се ограничени. Честопати треба да подигнат и тежок багаж и пакети кои ги носат патниците со себе.
