ЗАВАРУВАЧИ И СЕЧАЧИ СО ПЛАМЕН
Повреди и болести
Најчести повреди кај заварувачите се исеченици од остри алатки, изгореници од жешки метали и опремата за заварување, како и повреди при пад од висина.
Доколку се почитуваат пропишаните правила и процедури за безбедност при работа, повредите на работното место може да се минимизираат.