ЗАВАРУВАЧИ И СЕЧАЧИ СО ПЛАМЕН

ЗАВАРУВАЧИ И СЕЧАЧИ СО ПЛАМЕН

Како да станете заварувачи и сечачи со пламен

 Образование

Потребно е завршено средно образование со времетраење од три години или обука. Средните стручни училишта нудат наставни програми за заварувачи, преку тригодишна програма  во машинска струка.

Од 2015 година, Министерството за труд и социјална политика стандардизираше повеќе занимања од областа на машинската струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:

  • Заварувач

https://drive.google.com/file/d/ 1FuGVFBAC7DqZJN956SBZQQazL64ymjqm/view

 

  • МИГ (метал инертен гас) – МАГ (метал активен гас)

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ mashinska_mig-mag_zavar.pdf

  • Заварувач (рачно електролачно и пламенско заварување)

http://www.csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanimanja/ mashinska_zavar%28rel-plam%29.pdf

Јавни средни училишта што нудат 3-годишни програми за заварувачи и сечачи со пламен се: 

  1. Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  2. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  3. Средно општинско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  4. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  5. Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  6. Средно училиште на Град Скопје „8 Септември“ – Скопје

Центарот за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје нуди тригодишното стручно образование со времетраење од четири години според адаптирани наставни планови и програми каде што можат да се запишат ученици со посебни образовни потреби (оштетен слух), за машинска струка бравар-заварувач.

Обука

Центарот за образование на возрасни верификува програми за обука, кои се со времетраење од 3 до 6 месеци, во зависност од интензитетот на посетување, минимум возраст и минимум завршено образование за влез во обуката.

Центарот за образование на возрасни има верификувано програми за обука на заварувачи и сечачи со пламен со времетраење од 3-4 месеци (задолжително завршено основно образование).

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за заварувачи и сечачи со пламен, посетете ја страницата:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.av.gov.mk

 

Важни квалитети

  • Ја планира и ја организира работата, самостојно и во тим;
  • Ги подготвува работното место, алатот, машините и мерните инструменти;
  • Ги проверува, приспособува и ги одржува опремата, машините, уредите и средствата што се користат во работата;
  • Обезбедува квалитетни услуги и извршени работи;
  • Комуницира со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи;
  • Ги врши заварувачките и репаратурните работи според заварување со рачно електролачно и пламенско заварување;
  • Ги обезбедува потрошните материјали во зависност од процесот на работа;
  • Ги обработува работните налози и техничката документација што е потребна за редовно извршување на работните задачи;
  • Ги користи стручната литература и упатствата за квалитетно извршување на работата;
  • Ги применува мерките за лична заштита и заштита на околината.

 

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Заварувачите и сечачите со пламен се занимаваат со заварување и сечење метални делови, со примена на гасен пламен или електролак и други извори на топлина, со цел топење и сечење метали.

Потребно образование при вработување

Три годишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

23.984 МКД

Слободни работни местa

137