Заварувачи и сечачи со пламен
Изгледи за вработување
Заварувачи и сечачи со пламен се едно од дефицитарните занимања кај нас и во светот. За да бидат уште поконкурентни на пазарот на трудот, тие треба да ги следат трендовите на брзиот развој на технологијата за новите видови и техники на заварување.
Во периодот 2014-2019, бројот на вработени заварувачи и сечачи со пламен изнесувал од 2.600 до 3.700 лица, според Анкетата на работна сила на Државниот завод за статистика. Просечниот месечен број на барани работници за ова занимање во 2019 година е 193 работници.
Во целина, се очекува можностите за вработување да бидат добри, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со тешкотии при пронаоѓање квалификувани работници.
Слични занимања (од ISCO-08)
- Изработувачи на калапи за метали и леари – 7211
- Заварувачи и сечачи со пламен – 7212
- Лимари – 7213
- Подготвувачи, поставувачи и монтери на метални конструкции – 7214
- Монтери на челични јажиња и жици – 7215
Повеќе информации
За вработување: