ЗАВАРУВАЧИ И СЕЧАЧИ СО ПЛАМЕН
Активности
Заварувачите и сечачите со пламен се занимаваат со заварување и сечење метални делови, со примена на гасен пламен или електролак и други извори на топлина, со цел топење и сечење метали.
Задачите вклучуваат:
- рачно сечење метал со примена на гасен пламен, електролак или други методи;
- рачно заварување метални делови со примена на гасен пламен, електролак или други методи;
- спојување метални делови со рачно лемење;
- подготвување работни шаблони според определени спецификации;
- контрола и надгледување на процесот на заварување со цел да се избегне прегревањето, искривувањето или оштетувањето на металните делови;
- вршење сродни задачи;
- надзор на други работници.
Оваа единица ги вклучува следните занимања:
7212.01 Заварувач со гас
7212.02 Електрозаварувач
7212.03 Заварувач
7212.04 Заварувач, специјализиран
7212.05 Режач со плин
7212.06 Залемувач
7212.07 Помошник-заварувач
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)