ТРАНСПОРТНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Распоред на работата
Работата претежно е во седечка положба, па затоа движењата се ограничени. Тие комуницираат со корисниците на транспортните услуги: возачи, оператори за организација на патен сообраќај и други соработници, при што се изложени на психички оптоварувања (непрекинато следење на возачите, расположливите капацитети, барањата за транспортна услуга, носење брзи и ефикасни одлуки). Работата е во ротирачки смени, може да биде стресна и заморна поради постојаните промени во начинот на живеење и спиењето.
Според податоците од Агенцијата за вработување во 2021 година околу 96% од транспортни службеници биле вработени со полно работно време.
