ТРАНСПОРТНИ СЛУЖБЕНИЦИ
Како да станете транспортни службеници
Образование
Потребно е завршено средно стручно образование со времетраење од четири години. Средните стручни училишта во Македонија нудат наставни програми за техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за логистика во сообраќајот и техничар за железнички сообраќај, преку четиригодишните програми за „сообраќајна струка“.
Од 2017 година, Министерството за труд и социјална политика стандардизираше повеќе занимања од областа на „Сообраќај, транспорт и складирање“, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:
- Диспечер во патен сообраќај
http://www.csoo.edu.mk/images/ STANDARDI/Zanim017/Soobr/disppatsoob.pdf
- Диспечер за телекоманда
http://www.csoo.edu.mk/images/ STANDARDI/Zanim017/Soobr/dispecertk.pdf
- Контролор за безбедност во железничкиот сообраќај
http://www.csoo.edu.mk/images/ STANDARDI/Zanim017/Soobr/kontrbezbzelsoob.pdf
- Оператор за регулирање и безбедност на патниот сообраќај
http://www.csoo.edu.mk/images/ STANDARDI/Zanim017/Soobr/opregbezpatsoob.pdf
- Отправник на возови
http://www.csoo.edu.mk/images/ STANDARDI/Zanim017/Soobr/otprvoz.pdf
Јавни средни училишта што нудат 4-годишни програми за транспортните службеници (техничар за патен сообраќај, техничар за транспорт и шпедиција, техничар за логистика во сообраќајот и техничар за железнички сообраќај):
- Средно општинско училиште „ТАКИ ДАСКАЛО“ – Битола
- Општинско стручно училиште „БОГДАНЦИ“ – Богданци
- Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
- Средно општинско училиште „Ванчо Прке“ – Виница
- Средно општинско училиште „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ – Кочани
- Општински електро-машински училиштен центар „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“ – Охрид
- Средно општинско училиште „РИСТЕ РИСТЕСКИ – РИЧКО“ – Прилеп
- Средно училиште на Град Скопје „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ – Скопје
- Автосообраќаен училиштен центар „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ на Град Скопје
- Средно општинско училиште „НИКОЛА КАРЕВ“ – Струмица
- Средно општинско стручно училиште „МОША ПИЈАДЕ“ – Тетово
Обука
Во моментов не постојат верифицирани програми за транспортни службеници во Центарот за образование на возрасни.
За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за транспортни службеници што може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:
http://cov.gov.mk/advanced-search/
За повици за активни мерки на пазарот на трудот:
Важни квалитети
Вештини за комуникација: Способен е да споделува и да протолкува концепти, размислувања, чувства, факти и ставови во усна и во писмена форма, и да остварува јазична интеракција на соодветен и креативен начин. Зборува и пишува јасно и остварува отворена комуникација и слободно споделува информации со колегите возачите, соработниците и корисниците на услугата. Остварува сталожена и делотворна комуникација во проблематични ситуации, донесувајќи точни и соодветни заклучоци врз основа на добиени информации.
Математички компетенции и основни компетенции по природни науки и технологија: Применува математичко размислување и знаење во објаснување и решавање низа задачи за време на секојдневната работа со опремата и администрацијата. Користи и работи со техничко-технолошки алатки како и податоци за извршување на задачите. Врши собирање податоци потребни за самоунапредување на полето на планирањето, организацијата и следењето на транспортните задачи.
Дигитална компетенција: Користи основна информатичка технологија во извршување на своите работни задачи и применува софтверски програми при следењето на транспортните задачи и комуникацијата со возачите, корисниците на транспортната услуга и останатите соработници. Пребарува, собира и обработува дигитални информации и ги користи на критички и систематски начин. Користи алатки за подготовка, презентирање и разбирање на комплексни информации.
Чувство за иницијатива и претприемништво: Предвидува потенцијални ризици и однапред се подготвува за нив. Покажува иницијатива за реализирање на важните идеи и нивно спроведување во дела, со цел да се подобрат состојбите. Способен е да ги препознае можностите и да иницира подобрување на состојбите во различни ситуации. Придонесува кон развојот на култура која ги поддржува иницијативите и иновациите и ги препознава различните вештини на сите во рамките на службата.
Вештини за решавање проблеми: Транспортните службеници мора да ги најдат и брзо да ги решат проблемите што се појавуваат, со опрема или со контроли.
