ТРАНСПОРТНИ СЛУЖБЕНИЦИ

ТРАНСПОРТНИ СЛУЖБЕНИЦИ

Активности

Транспортните службеници водат оперативни работи и го координираат и усогласуваат возниот ред на железничкиот, патниот и воздушниот транспорт на патници и товар и подготвуваат извештаи за управата.

Задачите вклучуваат:

  • водење оперативни работи и усогласување на возниот ред на патничкиот и товарниот транспорт;
  • регулирање на прометот на возови во одредена зона на железничкиот систем и водење соодветна евиденција;
  • насочување, контрола и водење евиденција за товар во железничкиот сообраќај;
  • усогласување на оперативните задачи и водење записник за оперативните задачи поврзани со патниот сообраќај, какви што се планирање на разместувањето и распоредувањето на возилата и возачите, утовар и истовар на возилата и складирање на стоката на пазарот;
  • усогласување на оперативните задачи и водење записник на оперативни задачи поврзани за воздушниот патнички и товарен промет, како што е попис на патници и прикажување на товарот;
  • подготвување извештаи за управата;
  • вршење сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

4323.01  Маневарски диспечер

4323.02  Диспечер во патен сообраќај

4323.03  Железнички диспечер

4323.04  Авиосообраќаен диспечер

4323.05  Контролор на автобускиот сообраќај

4323.06  Контролор на железница

4323.07  Референт за внатрешна контрола на транспорт

4323.08  Испраќач на автобуси

4323.09  Испраќач на возови

4323.10  Испраќач во градскиот сообраќај

4323.11  Контролор за безбедност во сообраќајот

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Транспортните службеници водат оперативни работи и го координираат и усогласуваат возниот ред на железничкиот, патниот и воздушниот транспорт на патници и товар и подготвуваат извештаи за управата.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно средно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

23.303 МКД

Слободни работни местa

160