Техничари за машинство и сродни занимања

Техничари за машинство и сродни занимања

Просечна месечна нето заработувачка

Просечната месечна нето заработувачка за споредната група Помошни стручњаци за физика и инженеринг каде спаѓаат Техничари за машинство и сродни занимања, изнесувала 29.889 денари во 2018 година. Според статистиката на Агенцијата за вработување, во 2019 година, околу 95 проценти од огласите за Техничари за машинство и сродни занимања се однесувале за вработувања со полно работно време.

(Извор: Државен завод за статистика, Анкета за структура на заработувачката, 2018 г.)

Задолженија на работното место

Техничарите за машинство и сродните занимања конструираат склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема. Самостојно конструираат едноставни машински производи. Разработуваат технолошки постапки за производство на машински производи и пловила или учествуваат во подготовката и спроведувањето на мерки за нивна рационална употреба и одржување. Исто така, вршат и контрола на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи.

 

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

145 АВРСМ