Техничари за машинство и сродни занимања

Техничари за машинство и сродни занимања

Изгледи за вработување

Техничари за машинство и сродни занимања кои поседуваат вештини поврзани со конструkции на склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема, полесно можат да најдат работа како резултат на се поголемиот број на инвестиции во овие области.

Во целина, се очекува можностите за вработување да бидат добри, при што некои работодавачи и понатаму се соочуваат со потешкотии при пронаоѓање квалификувани работници. 

Слични занимања (од ISCO-08)

  • Техничари за електроника – 3114
  • Техничари за електротехника – 3113
  • Електрични механичари и електромонтери – 7412

Повеќе информации

За вработување:

https://e-rabota.avrm.gov.mk

Задолженија на работното место

Техничарите за машинство и сродните занимања конструираат склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема. Самостојно конструираат едноставни машински производи. Разработуваат технолошки постапки за производство на машински производи и пловила или учествуваат во подготовката и спроведувањето на мерки за нивна рационална употреба и одржување. Исто така, вршат и контрола на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи.

 

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

145 АВРСМ