Техничари за машинство и сродни занимања

Техничари за машинство и сродни занимања

Слободни работни места

Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна  Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2019 година изнесува 145.

За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРСМ на следниот линк:  http://www.av.gov.mk/

Задолженија на работното место

Техничарите за машинство и сродните занимања конструираат склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема. Самостојно конструираат едноставни машински производи. Разработуваат технолошки постапки за производство на машински производи и пловила или учествуваат во подготовката и спроведувањето на мерки за нивна рационална употреба и одржување. Исто така, вршат и контрола на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи.

 

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

145 АВРСМ