Техничари за машинство и сродни занимања
Активности
Техничарите за машинство и сродните занимања конструираат склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема. Самостојно конструираат едноставни машински производи. Разработуваат технолошки постапки за производство на машински производи и пловила или учествуваат во подготовката и спроведувањето на мерки за нивна рационална употреба и одржување. Исто така, вршат и контрола на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи.
Задачите вклучуваат:
- технички задачи поврзани со истражување и развој на машинските производи и постројки, истражување во бродоградбата, истражување во процесот на производство, во преработката на метали или со тестирање на прототиповите;
- конструирање на едноставни машински производи или склопови и делови на сложени машински производи и бродови според разработени проекти и добиени спецификации;
- конструирање на специјални алати и направи за производство на одделни делови на машински производи и бродови;
- технички надзор на производството, употребата, одржувањето и поправката на машинските производи и делови поради усогласеност со општи и посебни норми и прописи;
- технички надзор на производството на бродови, нивно уредување и делови, поради усогласеност со општи и посебни норми и прописи;
- координирање и надзор на работата на работниците на одржување на бродови;
- контролирање на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи;
- вршење на сродни задачи;
- надзор на други работници.
Во оваа единечна група спаѓаат следните занимања:
3115.01 Техничар конструктор на патнички возила
3115.02 Техничар конструктор на шински возила
3115.03 Техничар конструктор на алатни машини
3115.04 Техничар конструктор на текстилни машини
3115.05 Техничар конструктор на земјоделски машини
3115.06 Техничар конструктор на машини за шиење
3115.07 Техничар конструктор на машини за градежништво и индустриски транспорт
3115.08 Техничар конструктор на дигалки
3115.09 Техничар конструктор на турбини
3115.10 Техничар конструктор на пумпи и компресори
3115.11 Техничар конструктор на производи за прецизна механика
3115.12 Техничар конструктор на уреди за заварување
3115.13 Техничар конструктор на класично вооружување
3115.14 Техничар конструктор на процесна опрема
3115.15 Техничар конструктор на разладни уреди
3115.16 Техничар конструктор на садови под притисок
3115.17 Техничар конструктор на водоводни цевки и арматури
3115.18 Техничар конструктор на гасна мрежа
3115.19 Техничар конструктор на апарати за домаќинство
3115.20 Техничар машински конструктор
3115.21 Техничар конструктор на машински делови
3115.22 Техничар конструктор на лимени делови
3115.23 Техничар конструктор на делови од метална конструкција
3115.24 Техничар конструктор на делови за производи од прецизна механика 3115.25 Техничар конструктор на калапи
3115.26 Техничар конструктор за делови на шински возила
3115.27 Техничар конструктор на водоводни цевки
3115.28 Техничар конструктор на бродски машини
3115.29 Техничар конструктор на делови за пловни средства
3115.30 Техничар-заварувач
3115.31 Машински техничар за преработка на пластични маси
3115.32 Машински техничар за монтажни работи
3115.33 Машински техничар за одржување на процесна опрема
3115.34 Машински техничар за одржување на земјоделска механизација
3115.35 Машински техничар за одржување на патнички возила
3115.36 Машински техничар за одржување на шински возила
3115.37 Машински техничар за одржување на производна опрема
3115.38 Машински техничар за одржување на енергетски постројки
3115.39 Машински техничар за одржување на металуршка опрема
3115.40 Машински техничар за одржување на градежни машини
3115.41 Воздухопловен машински техничар за одржување
3115.42 Машински техничар за одржување на плинска мрежа
3115.43 Машински техничар за одржување на бродска опрема
3115.44 Машински техничар за одржување на водоводна мрежа
3115.45 Машински техничар за одржување на опрема
3115.46 Машински техничар
3115.47 Машински техничар-автоматичар и информатичар
3115.48 Оператор за машинско одржување
3115.49 Раководител на монтажа
(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)