Техничари за машинство и сродни занимања

Техничари за машинство и сродни занимања

Како да станете техничари за машинство и сродни занимања

Образование

Потребно е завршено средно образование со времетраење од четири години. Техничките училишта во Македонија нудат курсеви за Техничари за машинство и сродни занимања, преку четиригодишната програма „машинска струка“.

Од 2017 г., Министерството за труд и социјална политика стандардизираше повеќе занимања од областа на машинска  струка, кои можат подетално да се видат на следниве линкови:

  • Оператор на технологијата на производство и одржување на процесни машини , постројки и машинска механизација

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Mash/optehprzvodrprmas.pdf

  • Оператор на технологијата на обработка на метали со деформација и режење

http://csoo.edu.mk/images/STANDARDI/Zanim017/Mash/optehobrmet.pdf

Јавни средни училишта кои нудат 4-годишни програми за Техничари за машинство и сродни занимања се:

  1. Средно општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ – Битола
  2. Средно стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ – Велес
  3. Средно општинско училиште „Ванчо Прќе“ – Виница
  4. Средно општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
  5. Средно општинско техничко училиште „Гостивар“ – Гостивар
  6. Средно општинско училиште „Киро Спанџов“ – БРКО“ – Кавадарци
  7. Општинско средно училиште „Дрита“ – Кичево
  8. Средно општинско училиште „Мирко Милески“ – Кичево
  9. Средно општинско училиште „Гошо Викентиев“ – Кочани
  10. Средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка
  11. Средно општинско техничко училиште „Наце Буѓони“ – Куманово
  12. Општински електро-машински училиштен центар „Св. Наум Охридски“ – Охрид
  13. Средно општинско училиште „Ристе Ристеки – Ричко“ – Прилеп
  14. Средно општинско училиште „Наум Наумовски – Борче“ – Пробиштип
  15. Средно општинско училиште „Кочо Рацин“ – Свети Николе
  16. Средно училиште на Град Скопје „8- ми Септември“ – Скопје
  17. Средно училиште на Град Скопје „Владо Тасевски“ – Скопје
  18. Автосообраќен училишен центар „Боро Петрушевски“ на Град Скопје
  19. Средно општинско училиште „Никола Карев“ – Струмица
  20. Средно општинско стручно училиште „Моша Пијаде“ – Тетово
  21. Средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ – Штип

Во Центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ – Скопје во прва година во четиригодишното стручно образование со времетраење од пет години според адаптирани наставни планови и програми можат да се запишат ученици со посебни образовни потреби (оштетен слух), за  машински техничар

Обука

Во моментов не постојат верифицирани програми за техничари за машинство и сродни занимања.

За повеќе информации за верификуваните програми и даватели на обуки за техничарите за електротехника кои може да се јават подоцна, посетете ја страницата на Центарот за образование на возрасни:

http://cov.gov.mk/advanced-search/

За повици за активни мерки на пазарот на трудот:

www.avrm.gov.mk

Важни квалитети

Забележување на детали:  Техничарите за машинство и сродни занимања мора да прават прецизни и точни мерења кои се потребни при конструкциите на склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема.

Спретност:  Техничарите за машинство и сродни занимања користат користат рачен алат и опрема за што се бара стабилност и прецизност.

Математички компетенции и основни компетенции во областа на науката и технологијата: Техничарите за машинство и сродни занимања мора користат и работат со технолошки алатки како и податоци за извршување на задачите и собирање на податоци потребни за самоунапредување (на знаењето и вештините). Ги препознава основните карактеристики на истражување во областа на струката и ги споделува заклучоците и размислувањата кои довеле до таквите заклучоци.

Дигитални компетенции: Техничарите за машинство и сродни занимања мора користат основна  ИК технологија со цел да ја обезбеди најдобрата можна заштита. Пребарува, собира и обработува дигитални информации и ги користи на критички и систематски начин. Користи алатки за подготовка, презентирање и разбирање на комплексни информации во изведувањето на дејноста

Машински вештини. Техничарите за машинство и сродни занимања мора ги применуваат знаењата и насоките добиени од инженерите за да изработат нови делови за индустриски машини или опрема. Тие мора да поседуваат вештини за работење со дупчалки, брусалици и метален струг.

Вештини за работа во тим: Техничари за машинство и сродни занимања добиваат инструкции за работа и нудат совет кога е потребно. Исто така, вештините за меѓучовечки односи се корисни при координацијата со останатите членови од тимот.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за машинство и сродните занимања конструираат склопови за машини, машински постројки, машинска опрема, пловна и бродска опрема. Самостојно конструираат едноставни машински производи. Разработуваат технолошки постапки за производство на машински производи и пловила или учествуваат во подготовката и спроведувањето на мерки за нивна рационална употреба и одржување. Исто така, вршат и контрола на одделни фази на производството, од влезот на материјалот до готовите производи.

 

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

145 АВРСМ