Техничари за машинство и сродни занимања
Работна средина
Според проценките од Анкетите на работна сила од 2014-2022 година, бројот на техничарите за машинство и сродни занимања се движи од 2000 до 3500 вработени. Просечниот месечен број на барани работници за ова занимање во текот на 2022 година е 95 работник.
Техничарите за машинство и сродни занимања најчесто работат со машински инженери. Нивна работна средина можат да бидат производствените капацитети во разни индустриски гранки. Еден дел од техничарите за машинство и сродни занимања можат да бидат вклучени во самиот производствен процес, додека други може да работат од канцеларија во делот на изработка на проектна и конструкциска документација.
