Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Слободни работни места

Според податоците од Агенцијата за вработување на Република Северна  Македонија, просечниот број на слободни работни места кај ова занимање, на месечно ниво, за периодот јануари-декември 2021 година изнесува 160.

За повеќе информации и за пристап до огласите за слободни работни места посетете ја страницата на АВРСМ на следниот линк:

http://www.av.gov.mk/

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања вршат задачи во истражувањето во областа на хемиското инженерство, планираат, организираат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбено- технолошки процеси и производство на разни производи  во преработката на сурова нафта, производството на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, полимери, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење; вршат технички задачи во развојот и унапредувањето на производите и технологијата; организираат и изведуваат задачи на надзор на квалитетот и се занимаваат со примена на производите.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

160