Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Распоред на работата

Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања најчесто работат за големи производствени капацитети, оттука вообичаено е да работат во смени како и останатите вработени.

Според статистиката на АВРСМ во 2021 година околу 96% од техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања работат со полно работно време. Повремено, работат дополнителни часови за да се исполнат роковите поврзани со производствените процеси.

Види занимања
за споредба

Задолженија на работното место

Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања вршат задачи во истражувањето во областа на хемиското инженерство, планираат, организираат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбено- технолошки процеси и производство на разни производи  во преработката на сурова нафта, производството на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, полимери, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење; вршат технички задачи во развојот и унапредувањето на производите и технологијата; организираат и изведуваат задачи на надзор на квалитетот и се занимаваат со примена на производите.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

29.889 МКД

Слободни работни местa

160