Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања
Повреди и болести
Работата на техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања може да биде опасна, па тие мора да бидат предупредени за работата. Неправилното ракување со инструментите и опремата, може да предизвикаат сериозни повреди. Исто така, можни се посекотини, изгореници од пареа и врела вода, како и повреди од висок притисок при дефекти на опремата и машините во процесот на работа.
Задолжително е придржување кон прописите за безбедност и здравје при работа согласно секое конкретно работно место. Во тој случај потенцијалните опасности по работникот се сведени на минимум..