Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Техничари за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања

Активности

Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања вршат задачи во истражувањето во областа на хемиското инженерство, планираат, организираат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбено – технолошки процеси и производство на разни производи во преработката на сурова нафта, производството на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, полимери, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење, вршат технички задачи во развојот и унапредувањето на производите и технологијата, организираат и изведуваат задачи на надзор на квалитетот и се занимаваат со примена на производите.

Задачите вклучуваат:

  • подготовка, водење и надзор на производството;
  • технички работи во подготовката на активностите за развој и унапредување на    производите и технологијата;
  • испитување на квалитетот;
  • примена на технички знаења и искуства за утврдување и решавање на  оперативни проблеми;
  • организирање и надзор на одржувањето, поправките и чистењето на погонски и  лабораториски опреми;
  • техничка помош во примената на одделни материјали и производи;
  • изработка на извештаи и оперативна и техничка документација;
  • вршење на сродни задачи;
  • надзор на други работници.

Оваа единица ги вклучува следните занимања:

3116.01  Петрохемиски техничар

3116.02  Техничар за органска синтеза

3116.03  Техничар за преработка на полимери

3116.04  Техничар за бои и лакови

3116.05  Техничар за гума

3116.06  Техничар за фармацевтски производи

3116.07  Техничар за козметички производи

3116.08   Техничар за средства за перење

3116.09  Техничар за агрохемикалии

3116.10  Техничар за заштита од корозија

3116.11  Техничар за обработка на вода

3116.12  Техничар за целулоза

3116.13   Хемиски техничар за електротехнички материјали

3116.14  Техничар за фотографски производи

3116.15  Техничар технолог за хартија

3116.16  Техничар за воено-хемиски производи

3116.17  Хемиско-технолошки техничар

3116.18  Техничар за преработка на месо и риба

3116.19   Млекарски техничар

3116.20   Техничар за преработка на овошје, зеленчук и сокови

3116.21  Техничар за производство на растителни масла

3116.22  Техничар за преработка на брашно

3116.23   Техничар за производство на добиточна храна

3116.24  Техничар за кондиторски производи

3116.25   Техничар за производство на шеќер

3116.26   Техничар за производство на скроб

3116.27   Техничар за диетални производи

3116.28   Техничар за преработка на кафе и чаеви

3116.29   Техничар за производство на вода и газирани пијалаци

3116.30  Техничар за производство на пиво

3116.31  Техничар за производство на вино

3116.32  Техничар за производство на јаки алкохолни пијалаци

3116.33  Техничар за производство на ензими

3116.34  Техничар за преработка на тутун

3116.35  Техничар во прехранбената индустрија

3116.36  Испитувач на квалитетот на производите

3116.37  Испитувач на квалитетот на индустриските процеси

3116.38  Биотехничар – преработка на анимални производи

3116.39  Техничар за дрвопреработка и обработка на дрво

3116.40  Контролор за квалитет на производство

3116.41  Контролор на квалитет

3116.42  Инспектор за контрола на квалитет

 

(Извор: Национална класификација на занимања, www.stat.gov.mk, врз основа на ISCO -08)

Задолженија на работното место

Техничарите за хемиско-технолошки, прехранбени и биотехнолошки занимања вршат задачи во истражувањето во областа на хемиското инженерство, планираат, организираат и водат комерцијални хемиски, фармацевтски, биохемиски и прехранбено- технолошки процеси и производство на разни производи  во преработката на сурова нафта, производството на нафтени деривати, храна, пијалаци, лекови, полимери, земјоделски хемикалии, козметички производи, средства за перење и чистење; вршат технички задачи во развојот и унапредувањето на производите и технологијата; организираат и изведуваат задачи на надзор на квалитетот и се занимаваат со примена на производите.

Потребно образование при вработување

Четиригодишно стручно образование

Обука на работното место

Просечна месечна нето заработувачка

21.017 МКД

Слободни работни местa

169